Почина Исеи Мијаки

Јапонскиот дизајнер Исеи Мијаки, познат по облеката што не се гужва и човекот зад ролката на Стив Џобс, почина на 84-годишна возраст.

Имал рак на црниот дроб, но освен тоа, на таа тема други детали не се споделени со јавноста.

Роден е во Хирошима и имал 7 години кога паднала атомската бомба - бил во училница. Неволно зборуваше на таа тема, и подоцна има кажано дека не сакал да биде обележан како „креаторот што преживеа атомска“.

„Кога ќе ги затворам очите, сѐ уште гледам нешта што никој не треба да ги искуси,“ има напишано, додавајќи дека во рок од три години од настанот, мајка му починала од изложеност на радијација. „Сум се обидувал, неуспешно, да го ставам тоа зад себе, да мислам на работи што треба да се создадат, да не уништуваат, и да носат убавина и радост. Ме привлече полето на облека и дизајн, делумно затоа што креативниот формат е модерен и оптимистички.“

Има развиено десетици модни линии, од главните Исеи Мијаки машки и женски колекции, до торби, часовници и парфеми, за на крај да се пензионира во ‘97 и да се посвети на истражување.

9 август 2022 - 12:40