Пиксар и лабораторијата за плачење

Колку што Пиксар знае да нè убие од смеење, толку и најбезобразно знае да нè акне од земја и да нè претвори во размрсулавени, отечени вреќи емоции што ќе цмиздрат уште три дена откако ќе заврши филмот.

На времето, пред да постои Пиксар, Дизни успешно нè одржуваше во патња со Снежана (плачеш со џуџињата), Малата сирена (плачеш дека си иде), Бамби (доста), Дамбо (ДОСТА, ДОСТА!) и слично.

И години подоцна, се случи Пиксар, кој презема сè што треба околу плачките во свои раце.

Како што ќе кажат и на видеото, ќе пуштиш цртан, и ќе си речеш „што е најстрашното што може да се случи, ова е детски филм“.

Ама има цела лабораторија за тоа „што е најстрашното што може да се случи“.

4 јули 2017 - 11:22