Ова го кажува мајка на две деца, во видео на ТикТок со 50.000 реакции, затоа што изгледа на многу луѓе им е преку глава.
Мораме еднаш засекогаш да ги оставиме на раат нашите пријатели кои избрале да немаат деца. Да им дадеме малку простор.
Имам 42 години, имам две деца и многу пријатели кои се без деца. Некои едноставно сè уште не добиле деца, но сакаат. Други пак, воопшто не сакаат - и тоа е во ред. Нив не им е наменето да разберат што значи да се биде родител. И не се должни, ниту пак обврзани, да се превиткуваат за да ги приспособат своите животи на нашите обврски со децата.
Не треба да очекуваме да сакаат да одат во парк со нас. Јас мразам да одам во посраниот парк. Не треба да очекуваме да доаѓаат на први родендени, ниту сите планови да ги градат околу деца. А уште помалку може да се очекува да бидат воодушевени од вакви работи. Ако сакаат да се повлечат од планови затоа што активноста е организирана околу нашите деца, тоа е во ред. Ако не сакаат да ви дојдат дома додека деца трчаат наоколу, викаат и се расправаат - и тоа е во ред.
Тоа не значи дека не нè сакаат нас, ниту дека не ги сакаат нашите деца. Едноставно не сакаат да бидат околу деца - затоа не ги ни имаат. Па, кога ќе се фатиме себеси како си мислиме „Они просто не сфаќаат,“ треба да се потсетиме: не, навистина не сфаќаат, и не мораат, а најверојатно и не сакаат.
Значи, тие нека си останат во својата лента, ние во нашата. А ако сте вие без деца и постојано велите „да“ на дружења со пријатели со деца, а во суштина не сакате да бидете околу деца - престанете да велите „да“. Ние нема да се навредиме. Барем не сите. Ако се работи за луѓе како мене кои се малку поладнокрвни, ќе разберат.
Само затоа што вашата одлука е различна од мојата не значи дека треба да се чувствувате обврзани да правите нешто што не сакате. Ако не сакате да се дружите со деца - тоа е сосема во ред. На крајот на краиштата, јас сум таа што одлучила да дозволи некој да ејакулира во мене, не вие. Затоа јас ќе ги носам последиците од таа одлука - а не вие.
@blackboots12 Child free friends aren’t obliged to Gen over backwards for you. #childfree #childfreebychoice #children #parenting ♬ original sound - CB 🌋