Имаше планови минатото лето ОнлиФанс (познати по содржини за возрасни) да се „упристои“ за да може да добие финансиска поддршка од инвеститори, но сето тоа беше повлечено откако интернетот се закани со линч. Компанијата сè уште размислува за промени, но во насока на „да се ребрендира не толку како порно-платформа, туку како место каде фановите ќе се поврзат директно со креаторите - комбинација од Патреон и ТикТок.“
„Ова вклучува насочување кон професионални содржини како готвење, комедија, славни и слично,“ се вели во извештајот. „Ваквите потези можат да помогнат ОнлиФанс да добие подобри шанси за надворешни инвестиции, а притоа да се заштити од губење на клиентите.“
Но и покрај тоа што ќе станува јавна компанија, нема да ги напушти „возрасните“, и што е побитно, ветува дека ни во иднина нема да го направи тоа.
Кога удри пандемијата и ги расклима работните места, наезда од луѓе се сврте кон виртуелна сексуална работа, па ОнлиФанс процвета со популарност. Во 2020, пораснаа за 553% и добија 100 милиони корисници. Истата година, бројот на креатори порасна од 7,5 милиони на 85 милиони.
Платформата ја спомнуваат и најголемите ѕвезди во шоу-бизнисот, од Бијонсе до Карди Би и има многу музичари, уметници и фитнес-професионалци кои ја монетизираат нивната база на фанови, покрај порнографските содржини.