Освен тоа, има и совети за нанесување - скоро на Инстаграм објави видео со финти за избегнување грутки и слични проблеми со маскарите и попат ја кажа: Jones Road’s The Mascara.
За луѓе што често користат маскара, а имаат проблем со згрутчување, советот е прост - гелот што останува на врвот на апликаторот едноставно се чисти со едно поминување по внатрешноста на отворот. А за Маскарата на Џонс Роуд вели дека ѝ е омилена за „истакнување на очите.“
„Изгледот не е комплетен без исклучителна маскара. А оваа е најдобра што некогаш сум ја користела. Многу од нив не го прават тоа што сакаш да го направат. А иако сакам природна шминка, секогаш ставам три слоја од оваа. Нема парчиња, не се размачкува и лесно се вади навечер.“
Сепак, ние нормални услови немаме, не па шипинг од сајтот на Џонс Роуд до Македонија. Ама ако некој го интересира, ја има на Амазон.