Обемен приказ на неносење стегачи за коса

Јутјуб, се разбира.

Морган Донер е креатор на Јутјуб и ентузијаст за експерименти со коса, не од модерниве со боење и ставање варикина, туку со фризури. Донер е своевиден историчар на фризури и ужива да испробува начини на прибирање коса кои биле својствени за претходни децении и векови, но сепак, ѝ текнува на еден мал детаљ - ако сака да биде верно на оригиналот, не смее да користи стегачи за коса, од проста причина што тоа финко производче што ни го олеснува животот доаѓа на сцена дури во 19 век.

И, интересно е и да се види на кои се начини можеме да стигнеме до фризура, без да ги измачиме влакната на глава со гумен ластик, или нешто сродно.

Фризурата што ќе ја направи е еден криминал против атрактивен изглед на главата, за кој пред векови веројатно имале оправдување со оглед на тоа што атрактивна жена било еднакво на скромна жена, а и не знаеле за подобро. Во денешно време, освен ако не си необјасниво опседнат со идиотскион филм „Мидсомар“, безбедно е да се договориме дека фризурата е ужасна.

Дури ни Донер не е импресионирана.

Сепак, ако сте запнале, понатаму во текот на „студијата“ има малку пофини начини да се постигне овој изглед, и недостатокот (или среќната околност, па да не можат сите ова да си го прават на главата) е што ви треба долга, долга коса.

Да, кажува девојката дека „ако имате пократка коса, треба да почнете од ‘тука‘“, ама нека не ве лаже. Кој има долга коса, бујрум. Другите, со малку осет за естетика, што не сакаат косата да им личи на плетен украински леб (ама де, и не нѐ слушајте нас, носете што ви се носи), едноставно, повелете на занимливости од историја на коса:

7 јули 2021 - 13:47