Новиот филм на Зои Кравиц е провокативна битка меѓу половите

Се вика Pussy Island и е трилер сместен на тропски остров.

Освен актерка и модел, со филмов, Кравиц официјално станува режисерка - филмот е во фаза на пост-продукција и веќе го пуштиле на тест-публика која споделува дека е крајно возбудливо.

„Како жена општо и како жена во оваа индустрија, сум искусила многу луди однесувања од спротивниот пол,“ изјави еднаш Зои за Дедлајн. „Насловот прво беше шега, како за место каде што се оди со женско друштво и се ужива, но приказната еволуираше во нешто друго, со повеќе значења. И алудира на времето и местото во кое тврдиме дека одамна не сме, во контекст на полови политики.

Луѓето еволуираат и се менуваат, но сè уште останува горчлив вкус од некои претходни однесувања. И на тој момент се обраќа филмот.“

Приказната ја следи Фрида, келнерка од Лос Анџелес со големи амбиции и самодоверба за да ги оствари. На една журка ќе налета на мега-богат технолошки могул (Ченинг Тејтум) и по разговорот со него ќе влезе во неговиот круг, на остров каде што тој се забавува со пријателите. И нормално, кога ќе стигне таму, почнуваат проблеми.

Келнерката ќе ја глуми Наоми Аки, а ќе се појават и Елија Шокет, Кристијан Слејтер, Џина Дејвис, Хејли Џоел Осмент и Кајл Меклахлан.

За премиера не се знае - обично филмови што веќе добиле тест публика се појавуваат од месец после тестот до цела година.

15 јуни 2023 - 11:37