Новиот тренд меѓу одредена група богати луѓе зависни од трендови е да ја газат, растегаат, гребат и генерално да ѝ прават сè што нормален човек би се обидел да избегне. Целта? Да добие патина, онаа истрошена, поживеана текстура, инспирирана од познатата торба на Џејн Биркин, која, откако децении ја носеше без грам грижа (како што и треба), на крајот се продаде за 10 милиони долари.
Сега секоја гребаница и растегнување на кожата не значи сакана и носена чанта што поминала низ сито и решето со тебе, туку вештачки креиран „карактер“, вештачки предизвикан „уметнички дојам“. Класичен пример за функционална глупост: правење нешто штетно, скапо и непотребно, само затоа што трендот така вели.
Економската логика тука е тенка - луѓето веруваат дека, со доволно „имање приказна“, торбата ќе стане колекционерско парче и ќе вреди повеќе. Но, тоа што функционирало за Џејн Биркин, која не глумеше патина туку живееше со својата торба, не значи дека ќе функционира за секоја новокупена чанта што се газите и се влече по подот на нечиј луксузен стан.
Секако, модната индустрија и Инстаграм аплаудираат - секоја нова „остарена“ Биркин е уште еден пост, уште едно вирално видео, уште еден доказ дека, кога станува збор за трендови, логиката е прва жртва. А можеби тоа е и најлуксузното нешто што овие луѓе можат да си го дозволат - да ги прават најскапите предмети на светот целосно бескорисни.
Вие продолжете да бидете демоде со внимавање да не ви се изгребат чевлите и чантите. Да ги оставиме идиотите да им помине.