До скоро, имаше и по некој кираџија - „пристојно“ богатите, што можеа да си дозволат 10.000 долари месечно за стан со две спални. Сепак, скоро се продадоа два имоти на кои беа населени повеќе семејства и веќе нема да им биде така лесно.
Во раните 2000-ти, куќите во тој блок се продавале за помалку од 5 милиони долари. Ова почна да се менува во раните 2010-ти, кога глобалното богатство почна да се истура во недвижен имот на Менхетн и луѓето почнаа да купуваат зградички (како зградата на Кери во „Сексот и градот“) и да ги преправаат во огромни куќерди за една фамилија. На пример, основачот на Чипотле, Стив Елс има купено две цели за да ги комбинира во комплекс од 1500 квадрати. Во 2016, Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик платија 34,5 милиони долари за две згради кои претходно биле во сопственост на методистичка непрофитна организација од 1920. Уште некои локално важни богаташи имаат претворено згради во семејна куќа.
Некои продаваат за огромен профит. Лив Тајлер во 2019 ја продаде нејзината куќа за 17,45 милиони долари, а во 2001 ја плати 2,53 милиони. Уште една куќа на агентка за недвижности купена во 2002 за 1,88 милиони долари се продаде за 18,8 милиони.
Сè друго што уште не е грабнато веројатно ќе достигне и суми од 100 милиони долари и дури и селебрити фаци веќе нема да можат така лесно да опстанат.
Минатата недела отидоа уште две згради - една со 11, друга со 5 станови, а агентот што ги продава споделува дека новиот сопственик планира да ги преправи во единечен дом за неговото семејство.