Нека ти биде јасно: Никој не го гледа филмот на твојот живот. Можеби ти беше јасно, а можеби и ти звучи радикално - ама размисли. Колку филмови имаш изгледано за туѓите животи? Колку луѓе навистина набљудуваш на начин на кој мислиш дека другите те набљудуваат тебе? Јас би се кладел дека иако те интересираат другите луѓе, оние за кои се грижиш и на кои сакаш да им помогнеш, сигурно не гледаш толку внимателно во деталите.
Земи за пример некој што ти е близок. Дете, партнер, родител. Нивниот филм тече 24 часа дневно, седум дена неделно, околу 80 години. Тоа се 700.000 часа. Колку од тие часови филм ќе гледаш? Дури и да си во брак 50 години и да спиете во ист кревет, ќе стигнеш до 200.000 часови. Ако не живееш со човекот, тогаш можеби 2000 часови за 80 години. Кога не си со таа личност, колку часови посветуваш мислејќи на неа, замислувајќи што прави и што мисли? Еве нека е резултатот 4000 часови?
Да, другите нè мислат, но глобално гледано, не во детали. Вистината е дека, на најфин можен начин кажано, луѓето ги заболе. Премногу заглавуваме размислувајќи што другите ќе помислат. Се држиме цврсто за верзија од нас што мислиме дека се очекува. А она што другите сакаат да го знаат е дека сме среќни ако нè сакаат, или дека сме тажни, ако сме им непријатели.
Дури и родителите и партнерите имаат доволно занимации, трудејќи се да го живеат нивниот живот без бескрајно да се грижат за тебе. И ова се луѓе што те познаваат и сакаат. А луѓето што имаат поминато нула часови во твојот филм? Или периферни ликови - следачи на Инстаграм кои имаат поминато секунди во внимателно селектиран, фиктивен филм за твојот живот? Тие се важат?
Вистината е дека, ако дозволиш, многу ослободува. Помисли колку време поминуваме грижејќи се за публиката, или да му удоволиме на родител, или да се превртиме за да го удостоиме општеството. Кога ќе прифатиме дека сме сами, далеку од тоа дека ќе дојдеме до осаменост - ќе се ослободиме да тргнеме по херојска патека, за навистина да сфатиме што ни одговара. Со тоа, ќе завршиме со далеку поинтересен и поуспешен филм, дури и да гледаат луѓе - а не гледаат.
Значи, за кого го правиш филмот? Една апстрактна смисла на општество - што да правам, што се очекува од мене, како да се вклопам?
Има и луѓе во животот кои силно влијаат на она што бираме да го правиме. Јас работам со клиенти кои често се мислат што клучните луѓе во нивните животи би сакале тие да направат. Ретко проверуваат; ако проверат, одговорите можат и да ги изненадат. Најочигледниот пример што го гледам е живеење според очекувањата на таткото. Нашите родители, особено нашите татковци имаат речици гравитациско влијание на нашите клучни одлуки и правците што ги фаќаме. Се грижиме за нивниот суд, но ова повеќе зборува за нивните слабости, отколку за проблемите со кои мислат дека се соочуваме.
Еден човек ми дојде во сред кариера, успешен во „нехеројска“ смисла, но тотално заглавен и заробен. На втората сесија, почна да зборува за кариерата во архитектура што ја посакувал. Потоа се озари кога почна да ми кажува за глината што ја купил за да почне со керамика после 30 години пауза. Го прашав што го довело до моменталната кариера и почна да зборува за татко му, дедо му и други претци. Чувствувал огромен притисок да прифати да успее според нивната мерка. Иронијата е во тоа што, позајмувајќи нечија дефиниција за успех, човекот не успеал да го исполни сопствениот потенцијал. Немаше страст за тоа што го работи; не беше уникатно талентиран за тоа. Разговаравме за тоа како работи со една рака врзана зад грб. Разговаравме за тоа како работи напорно за да ги задоволи своите претци, но тие напори имаа голема цена по него.
Извежбавме еден долг и одамна потребен разговор со татко му, каде што тој треба да му каже дека е во ред, благодарен за неговото мислење и дека во следните неколку месеци и години ќе премине во покреативна работа поврзана со архитектура. На крајот, го гушна татко му, му се заблагодари и со тоа - беше слободен.
Се разбира, не е само до грижата за што ќе видат другите. Идејата дека некој те анализира е помогната и од опасностите на споредбата - дури и кога не те секира што мислат другите за тебе, можеби немо се грижиш како ќе изгледаш или што ќе постигнеш во однос на некој на кој му се восхитуваш. Но, тоа е истата стапица, со различна маска - споредбата не ти помага да живееш слободен живот. Како мајката на една клиентка што ѝ викала: Доста ја споредуваш твојата внатрешност со нечија надворешност.
Социјалните мрежи ја појачаа оваа злокобна игра на споредби и наместо да нѐ ослободат, нѐ врзуваат со погрешни перцепции за тоа како изгледа „доброто“. Пари, медали и спомнувања стануваат главен двигател на нашите мисли и однесувања, но за многу од овие нешта имаме погрешни мерки и ги гледаме во дотерана форма, а во најлош случај - измислени.
Ова го спојуваме создавајќи хибридни супер-луѓе - ги земаме најдобрите карактеристики од неколкумина и ги комбинираме во некое супер-суштество со кое потоа се споредуваме. Само да го имам паметот на овој, со телото на тој и косата на оној. Работата на икс, и банкарската сметка на ипсилон. И така натаму.
Но никој не е тоа супер суштество и никој не е смирен и успешен однатре како што можеби проектира однадвор. Како и лебедите, може личи дека се лизга по површината, но под неа прета со нозете како луд. Однадвор успешен, однатре мизерен.
Го правиме и спротивното. Се споредуваме со тие што ги сметаме за послаби од нас, што им оди полошо. Ова креира лажно чувство на самозадоволство и повторно, ретко се базира на вистината.
Книгата е тука.