Никогаш (ама никогаш!) не го користете џебот на седиштето пред вас во авион

Да, знаеме дека таму стои списанието. Не, не ви треба ништо од таму.

Прво, ако баш до магазинот и парфемите ви е дојдено, неколку клика ве делат од онлајн изданието и производите што можете да ги зачувате како скриншот. Затоа што, кога ќе прочитате „зошто не“, и на онлајн може ќе почнете да дувате.

На Редит, како што известува Инсајдер, стјуардеса одговорила на прашање „Што е најгадното во авион?“ и вели вака:

„СЕКОГАШ препорачувам никако, НИКАКО да не се користи и да не се става нешто во џебот што е на седиштето пред вас, под масичката. Го собираат ѓубрето од таму, ама никогаш не ги чистат.

Внатре имаат наоѓано гадости од типот валкани марамчиња, кеси со повраќаница, гаќи, чорапи, мастики, полуизедени благца, недојадени овошја... Луѓето завршуваат со нив и наместо да ги фрлат, или да ги чуваат за фрлање, ги оставаат таму.

Значи, гаќи и чорапи.

Повраќаници.

Замислете само да се наоѓате на летот после некој таков. Замислете да ставите нешто да ви постои таму. Недајбоже слушалки, или телефон, или таблет.

И после тоа да заврши на вас.

И нормално, не се само џебовите проблем. Според Инсајдер, при тестирање на потпирачите за глава се пронајдени стафилокока, ешерихија коли и хемолитична бактерија.

Најдобар начин да се изборите со тие работи, во тој момент е средство за дезинфекција на раце, плус бришење на сите можни површини со дезинфекциски марамчиња.

И бањајте се од глава до пети после авион.

Гледате дека не ви треба ни парфемот, ни кафето.

7 јуни 2023 - 00:00