Ни хип-хопот веќе не трпи хомофобија

Се научија да обрнуваат внимание, или ако ништо друго, се научија да се извинат.

Во 2018, песната „Бос Лајф“ на раперот Офсет што се наоѓаше на албум што стана повеќекратно платинест имаше стих:

“I do not vibe with queers.”

(Не ме бива со чудни)

Ваквото кежуал користење на анти-геј навреда не е необично во историјата на хип-хопот, но дискусијата што ја испровоцира текстот дава увид во еволуцијата на жанрот.

Имено, Офсет се објасни дека нема ништо против геј луѓе, и дека ги сака сите, а дека зборот „квир“ го користи како сленг за нешто чудно или непријатно - на пример, луѓе што те снимаат, го објавуваат тоа и те демнат. И може е искрен, ама не значи дека не доби критики за тоа.

Рапот полни 50 години инаку, и веќе дебатира за хомофобијата - има еволуирано до степен анти-геј реторики да наидуваат на осуда од членовите на самата култура. Се наоѓаат навреди во по некој стих, како и во сите други жанрови од поп до кантри, но токму хип-хопот минува низ промена поради сè попрогресивните културолошки гледишта и се поголемата видливост на ЛГБТ+.

Еден од примерите е Еминем кој на албумот „Маршал Матерс ЛП“ има стих:

Hate fags?/The answer’s yes.

После ова настапи со Елтон Џон.

Не дека престана да го користи навредливиот збор, но затоа пак постојано е мета на критики од здруженија, бидејќи стиховите знаат да имаат и последици во реалниот живот. Има истражувања што ги испитуваат врските меѓу рап-музиката и отпорот на младите луѓе да ја објават својата сексуалност - и излегува дека многу млади мажи одлучуваат да ја сокријат својата хомосексуалност, само заради културата на која ѝ припаѓаат.

Во втората половина од 2000-те, почнаа да се извинуваат - Канје се извини за сопствената хомофобија и им порача на колегите „да престанат“, а Џеј Зи јавно ја осуди дискриминацијата и подржа геј бракови.

Простор за подобрување постои, и како што се вели во статија за The Conversation, идеално би било да не се каже ништо навредливо, за после да мораш да се извинуваш. Ама идеално не постои, па останува да се поздрави еволуцијата на хип-хопот до момент кога се размислува и се разговара.

Патем „хомофобијата“ на Еминем, лично од Елтон Џон:

12 јули 2023 - 00:00