Не се само '80-ти чудни, кога се работи за коса

The Hair Historian, или „историчар за коса” е акаунт на Инстаграм што ги лови женските фризури низ историјата, благодарение на нивното уметничко овековечување. И еден скрол може да покаже колку е најмал проблем минивалот од '80-ти.

А од друга страна па, некои векови и декади нè шијат во секој поглед.

На пример:

Ова кога ќе станеш од спиење, и уште ништо не ти е јасно.

Ова како зачеток на фризурата што ја изнагледавме последниве 2 години.

Ова како за на свадба.

Ова како за претерување.

Замисли, си ја намислила оваа фризура, со овие гломазни додатоци, а касниш.

Кога си старосватица, па мораш напорна фризура, а фризерката збори на телефон.

Кога не сакаш да се примети дека си всушност водоземец, па гледаш косата да одвлече внимание.

 

Кога ќе купиш ново венче од Инстаграм продавница.

Ова проаѓа се-ко-гаш.

Кога ќе заспиеш со плетенки, па се исплати.

Кога ја виткаш со крпчиња и мора да помине еден краток период кога изгледаш како идиот.

Кога ќе се нашали дека „жената е ѓаволот, хехе”.

Тука има уште Hair Historian.

Тука се фризурите што ви требаат за 2018-та.

16 јануари 2018 - 15:16