Либел, познат по своите графички романи со мрачни и насилни теми, бил осуден во 2018 година за првостепено убиство, тортура и сакатење, со дополнителни отежнувачки околности поради употреба на смртоносно оружје. Му се изрекува и доживотна казна затвор без право на помилување.
Истражителите веруваат дека неговото дело Syndrome - графичка новела за невропатолог кој се обидува да го „излечи“ злото, содржи сцени кои служеле како морбиден „план“ за злосторството. Судско-медицинскиот извештај утврдил дека Иана била жива најмалку осум часа откако била скалпирана, со целосно отстранет горен дел од кожата на главата, освен мал дел на тилот. Имало и други траги од сакатење, вклучувајќи гризнувања и делумно отстрането уво.
Причината за смртта е утврдена како екссангвинација - губење на крв до смртоносно ниво - и Либел претходно пишувал за оваа состојба во своите дела. Само неколку дена пред убиството, тој бил уапсен под сомнение за сексуален напад, но пуштен со кауција од 100.000 долари. По апсењето, Иана се преселила кај својата мајка заедно со новородената ќерка, но на покана на Либел повторно се сретнала со него - што се покажало како фатална одлука.
Кога мајката на Иана три дена не можела да ја контактира, повикала полиција. При влегувањето во станот во Западен Холивуд, полицајците ја пронашле Иана мртва во кревет, покриена со ќебе со ликот на Мики Маус, а крв имало насекаде. Либел бил забарикадиран во друга просторија.
Парот започнал врска во 2015 година, а Иана наскоро останала бремена и се вселила кај него. За Либел тоа била трета ќерка, бидејќи само неколку месеци претходно ја напуштил својата бремена сопруга, поранешната манекенка Аманда Браун, две недели пред породувањето.
Либел доаѓал од семејство со огромно богатство - татко му бил поранешен олимписки атлетичар и успешен бизнисмен, а мајка му наследничка на голема компанија за пластика. Со стабилен месечен приход од околу 18.000 долари, тој финансирал свои филмски и стрип-проекти, меѓу кои адаптација на „Spaceballs“ и филмот „Bald“.
По трагедијата, мајката на Иана, Олга Касиан, покренува тужба вредна 56 милиони долари и а бебето ѝ е доделено нејзе.
Случајот останува еден од најморбидните и највознемирувачките примери на семејно насилство во Лос Анџелес.