Најубавата Германка од средниот век

„Секогаш на прво место, пред сите, со Ута од Наумбург.“
-Умберто Еко

Ута од Наумбург веројатно била родена во Х век, како ќерка на грофот Адалберт од Баленштат и неговата сопруга Хида, ќерка на Ходо I. Била дел од родот на Асканисан, чие земјиште се протегало преку она што е денес Саксонија и Бранденбург.

Ута била мажена за Екехард II од Месен, благородник од дворот на Хенри III кој владеел од 1046 до 1056. Екехард бил задолжен за осигурување на германската граница против напади од Полска и Боемија. Со Ута немале деца, па имотот по смртта го оставиле на Хенри III и на Наумбуршката катедрала за да помогнат во изградбата на капелата. Ута и нејзиниот сопруг се двајца од од дванаесетте благородници кои ја основале катедралата и во 13 век им направиле „донаторски портрети“ на столбовите на едниот крај од катедралата. Умрела некаде пред 1046.

Низ вековите, многумина ја забележувале убавината на Ута, а кога го прашале Умберто Еко со која жена од европската уметност би сакал да ја помине вечерта рекол:

„Секогаш на прво место, пред сите, со Ута од Наумбург.“

Ни Волт Дизни не бил рамнодушен на нејзината убавина. И ако се загледате во ликот, круната и наметката, се гледа - Лошата кралица од Снежана.

Дизни го искористил ликот на Ута да создаде дури два: малку ѝ го променил лицето за да ја изведе злобната, а сепак прекрасна средновековна маѓепсничка, а нежниот, невин изглед за да ја долови Снежана.

Пред осум века, каменорезец ја овековечил убавината на Ута и ја исклесал за да му остане на светот за спомен. Денес има бројни фотографии од скулптурата и ги има по уметнички книги, списанија, календари и разгледници.

23 април 2023 - 21:18