Во потрага по совршенство:

Најдобрите апликации за разубавување

Природна убавина е супер, ама да не се лажеме дека не уживаме во апликации за разубавување понекогаш. Скоро секогаш. Веројатно секогаш.

Dazed Digital и дизајнерот Антон Раимунд проверуваат осум од најпопуларните вакви апликации и наместо да се мачите и да си ги прљате телефоните сами, можете да си изберете од овде.

Beauty Editor Plus

Ова е супер алатка за почетници. Ги има сите основни алатки за помазна кожа и можете да додадете еден куп ситници што може да се движат и да им се менува големината.

Рејтинг: 6/10

Visage Lab Selfie Cam Plus

Името им е супер, го мразат интерфејсот, но мудро ќе кажат дека „убавината не треба да биде лесна задача.” Апликацијата нуди голем избор на филтри; некои ќе ви ја сменат нијансата на косата, некои ќе ви направат илузија на запалено лице. Ефектите бараат да ги чекаш додека да се појават и некои се неуспешни. Но, оваа апликација прави лицето да ти светка како небо во ноќ, па и се простува.

Рејтинг: 4/10

Hairstyle Try On

За тие со несреќна коса. Некои од тоа патат само во одредени денови, некои цел живот. Овде можете да си ставите секакви фризури, па да пробате и како би изгледале ќелави. Има стотици фризури, но се лошо осветлени, па тешко се погодува да изгледаат природни.

Рејтинг: 3/10

Facetify

И шминка и убавина. Можеш да си го извадиш лицето од селфито и да си го ставиш на каква сакаш позадина. Апликацијата е проста и истовремено пресмешна и кич. Најјако е што можеш да си направиш копи-пејст на фацата врз уметничко дело.

Рејтинг 7/10

ZCamera

Апликацијата ограничува и на Антон Раимунд не му е по вкус. Од несекојдневните алатки, има тетоважи, стомачни мускули и фризури. Можеш и брчки да избереш. 

Рејтинг: 2/10

Looks

Ова е корејска апликација и тука ценат природна убавина. За благи подобрувања и суптилни промени. Антон вели, ако сте фацијално-унесреќени, ова не е баш за вас. Ама рејтингот е јак:

Рејтинг: 8/10

YouCam

Апсолутно божествено, според Раимунд. Прекрасни комбинации на шминка, контурирање од висок калибар и прекрасно осветлување. Можете да си ја измените устата, или да си ги направите очите возбудени. Се може да се измени.

Рејтинг 10/10

Perfect 365

Ова е слично на Looks и YouCam каде што можат да се изберат цели мејкап-комбинации. Сите совршено се мешаат со оригиналната слика, а базирани се на производи што можат навистина да се купат. Се може да се измени до најситен детаљ. Како да имаш шминкер во телефон, затоа што апликација понекогаш е многу полесно од станување и мачкање со кармин.

Рејтинг 9/10

19 мај 2019 - 23:39