„На прв поглед, Ги Бордан не е уметник со кој имам многу заедничко,“ признава Армани кој има избрано 100 дела од револуционерниот опус на фотографот кој умре во 1991. „Веднаш се гледа чувство на провокација, но она што најмногу ми остава впечаток - и она на кое сакав да се фокусирам - е неговата креативна слобода, наративните вештини и неговата голема љубов кон кинематографијата.“
Бордан раскажувал приказни - „деликатесни, вознемирувачки, што оставаат простор за имагинација.“ Според Шели Вертим, долгогодишен куратор на неговата работа, бил еден од првите раскажувачи во модната фотографија.
„Полураскажани и полни со импликации, наративите во фотографиите на Ги не се дешифрираат лесно, па ти останува да се прашуваш што се случило, или што допрва ќе се случи.“
„Се работи за фикции, самоизмислени, самодраматизирани приказни кои имаат особен начин на вгнездување во психата на тој што ги гледа. Те мачат со сѐ што не кажуваат и пораката на Ги е замотана, со намигнување и знак.“