Мозок на менопауза

Или мозок во магла - немедицински термин за симптоми како заборавање и потешкотии за фокусирање. Се случува за време на перименопауза и менопауза.

Мозок во магла не се препознава како симптом - експертите го забележуваат во една констелација од симптоми што пациентите ги пријавуваат. Ги има повеќе, но често вклучуваат заборавеност, потешкотии во концентрација и намалување на брзината во процесирање на јазикот. Може да е тешко да ви текне на збор, или да се сетите на нешто. Ова се случува поради органски промени во мозокот што се случуваат кога хормоните флуктуираат и нема врска со влошување на општата мозочна функција, туку се реактивна промена на хормонската промена.

Ако почнат, почнуваат во периодот што води до менопауза, односно во 40-те и 50-те години од животот. Некои жени можат и порано да имаат симптоми.

Естрогенот игра посебна улога и за него има најмногу истражувања. Се поврзува со промените во метаболичката функција на мозокот - мозокот има рецептори за естроген - па не е изненадување што се чувствуваат промени кога ќе опаднат нивоата на естроген.

Симптомите се намалуваат со здрав сон - жените во перименопауза и менопауза се случува да имаат прекин на сонот, а лош сон води до разни симптоми што влегуваат во „мозок во магла“.

Можете да се обидете со терапија за замена на хормоните, што би помогнало, само што се прави во консултација со лекар. Помага и труд околу подобрување на општата здравствена состојба.

5 април 2024 - 12:06