Може ли да престанеме на 35-годишни да им викаме дека се „престари за раѓање“?

Двојните стандарди владеат кога се работи за возраста и станувањето родител.

Анкета на ЈуГов ја консултира јавноста на тема која е најдобра возраст за да се стане родител и иако 36 се смета за „престара“ за жени, излегува дека е „таман“ за мажи.

Половина од мажите (46%) кажале дека жената е престара да стане мајка на 36-40, а речиси три четвртини (71%) од мажите сметаат дека е скроз погодно тогаш да се стане татко. Околу 35% од жените се согласуваат со ова.

На прашањето која е идеална возраст да се стане родител, мислењата се - 28 за жени, 30 за мажи.

Како што ќе каже подкастерката Елизабет Деј на сево ова:

Сите знаеме дека плодноста се намалува со годините, но изборот и одлуката да станеш родител е многу подлабока од тоа. Многу жени одговориле на истражувањето со споделување на свои приказни за добивањето деца после 36, некои по свој избор, некои поради надворешни услови. Зошто е општеството толку упорно да им суди на нив, а не на нивните партнери?

Твитови на темата:

Ќерка ми ја добив неделата кога наполнив 43. Се обидувавме неколку години. Таа е прекрасна. Не ми е криво. И спермата се намалува во квалитет со возраста. Или тоа е само изговор да смениш со помлад примерок?

Првиот син го добив на 42, последниот на 46, не сум „кул мајка“, но немаше да бидам ни кога имав 21 (никогаш не бев „кул“). Маж ми не го запознав до 40, возраста е само број, така што, да, кој ве ебе ЈуГов.

Имав 39 и 41. Се грижев дека сум престара и не сфаќав каква разлика прават 5 години, освен мислењето на луѓето. Здрави се, среќни и прекрасни.

Имав речиси 40 кога го родив син ми. Сега имам 44 и со задоволство би родила уште едно! Не разбирам зошто луѓето мислат дека тоа е нивна работа?

Долго време, возраста 35 се сметаше за карпа над провалијата на неплодноста, број што им се нафрлаше на жените со порака „раѓајте и раѓајте веднаш“, додека мажите на иста возраст не беа подложени на истиот наратив. Секогаш кога јавна личност ќе стане мајка над 35, мора да има дебата околу тоа „дали е на вистинската возраст“. Но, наместо да се користи возраста како стап со кој се тепаат жени, нели е време едноставно да ги поддржуваме новите родители и да го славиме новиот живот?

Да, потребни ни се информации за плодноста за да ни помогнат да направиме информирани избори, но ни требаат и пониски каматни стапки, подобри градинки, поевтинување на процедурите за ин витро и еднаквост во платите, за луѓето да имаат повеќе опции да станат родители кога нив им одговара.

Нови (вакви) истражувања што додаваат притисок врз жените баш и не ни требаат.

13 октомври 2022 - 00:01