Може да се спие овде, ама има услов

Во базиликата Сакре-Кер, една од најпознатите локации во Париз, може да се преноќи и тоа за 15 до 45 евра, ама условот е да одвоиш еден час навечер за - молитва.

Секој што ќе преспие бира простор од 11 навечер до 6 наутро за молитва - нешто што се случува уште од 1885 година и се нарекува „ноќ на обожување“. Дел е од мисијата на базиликата да остане во постојана молитва, деноноќно.

Имате неколку опции за сместување, од 15 евра за заедничка просторија за спиење, до 45 евра за приватна соба со тоалет. За тие што ќе учествуваат во молитвата има појадок, а вечерата може да се букира однапред. Има покриен коридор за да не мора да се излегува надвор.

Сакре-Кер има јасно определена мисија: непрекината евхаристиска адорација. Од 1885 година, во базиликата без прекин се одвива молитва дење и ноќе, низ војни, револуции и окупации. До моментот кога нацистите го окупирале Париз во 1940 година, оваа практика веќе била длабоко вкоренета и институционализирана. Париз бил бомбардиран во повеќе наврати, особено во 1943–1944 година, кога сојузничките сили ги таргетирале железничките линии, фабриките и германските инсталации. Сирените за воздушна опасност, затемнувањата и стравот станале дел од секојдневието и многу цркви се затворале ноќе, но Сакре-Кер не. Мисијата продолжила, дури и за време на воздушните напади и меѓу верниците владее уверувањето дека токму молитвата придонела црквата воопшто (или многу малку) да се оштети при нападите.

Искуството е отворено за сите - и верници и неверници. За едни е верски чин, за други е ретка можност за размислување во тишина под вековната купола на „Свето срце“.

И многу необичен начин да се помине ноќ во Париз.

22 јануари 2026 - 05:51