Се работи за нешто половина кратко, половина долго, како џигер, дури. Некои фризери ја фалат дека е како да имаш две фризури одеднаш, а токму тоа е проблемот на џигерот, ама добро, да истрпиме до крај.
Има дисконектирани прамени, па на моменти личи на шлем, на моменти имаш долги опашки. Вака личи на медуза, па од таму и името.
Кога била медуза добра вест, реално?
А трендот на Тикток си врви - 1,6 милијарди прегледи има тагот медуза-коса, луѓето собираат идеи, но не дозволуваат да се користи зборот „џигерици“.
Еден фризер и сопственик на салон, Ден Вилијамс, вели дека не би го класифицирал ова така:
„Дефинитивно е поавангардно и многу помалку коса се остава да биде долга. Ако размислувате секако да шишате паж, препорачувам да пробате медуза. Не функционира на сечиј тип коса, но сепак е уметничка и експериментална.“
Не фала, Ден Вилијамс.