Има на пример еден непријатен тренд - фигитална мода (од физичка и дигитална) и фокусот е на облека што изгледа добро онлајн, наместо на квалитетот на материјалите и удобноста.
Уште нешто што од старт звучи неудобно е мода базирана на технологија - или парчиња што немаше да биде можно да се произведат пред неколку години, затоа што едноставно не постоеше технологија за нив.
Другите не звучат така мрачно. На пример, конечно ќе добиеме нешта со многу џебови, и ќе биде прифатливо да се носат контрастни додатоци. А серијата „Среда“ си донесе ново: new goth fashion.