Многу е хипстерско, ама многу е јако

Кафе од Буба.

Се смислија еден тон начини за пиење кафе. Од кафич, од комбе, во подруми, па куп хипстерски варијанти во тегли, во чаша за вино, со од страна кесичка кафе и бокал со топла вода (сам да си го направиш, замисли), и други слични.

Сега на еден тип Денвер му текнало дека многу ќе биде јако ако служи кафе од Буба. Фолксваген Буба од 1968.

И се разбира, како и сè друго што е врзано со Буба - стварно е јако.

Дечкото се вика Метју го имате на Инстаграм со @ontheroadcoffeebug.

1 декември 2017 - 11:00