Митови за жените низ историјата што е ред да ги разбиеме

Не, корсетите не се ѓаволска алатка на патријархатот, смислена да ги држи жените под контрола. Се работи за обичен, во денешно време, прслук. Вакви погрешни размислувања има еден куп.

Жени не се палеле на клада кога ќе покажат глужд. Ваквите и слични митови владеат по интернет, и реално, некои од нив се врткаат околу вистината, но луѓето ги извртуваат до степен на непрепознатливост кога ќе им влезат од друг (погрешен) агол.

Глуждови се гледале, и тоа во многу вообичаени ситуации и никој не паѓал во несвест - кога жена треба да помине преку вода и кал, кога треба да се качи во кочија, или кај девојчиња до 16 години што носеле сукњи до колена.

Да, голи нозе и бутови биле проблем, ама покажување кожа генерално - не. И верувале или не, на никој не му било гајле за - цицки. Ништо посебно не им било. Можело да си нарачаш портрет, и да се разголиш напред и никој да не трепне.

Литературата и телевизијата нѐ уверуваат дека се немало поима околу секс и немало никакво сексуално образование, па девојчињата не биле свесни ни деца како се прават. Ова нема врска, затоа што, без разлика што бил незамислив став кон сексот каков што има денес, девојчињата пред сѐ биле за мажење, па било должност и на мајките и на општеството да ги упатат во тој елемент на брачните води. Имало дури и објави во списанија и прирачници. Сочните детали, како и ден денес се пренесувале меѓу другарки.

И точно е дека се очекувало жените да бидат тивки - но тоа никако не значи дека биле.

9 јули 2021 - 13:55