Мирјана Мариќ напушти

Синонимот за моден креатор на Југославија, икона на стилот и жената чии дела беше престиж да се носат, си отиде кај Пјер Карден. После Азедин Алаја, Карл Лагерфелд и Серџо Роси, веројатно таму некаде од другата страна модата цвета, а ние си остануваме тука со Крокс.

Мирјана Мариќ ја донесе високата мода во Југославија, а го освои светот со нејзините модели. Ја носеше Јованка Броз, „амазонките“ и жената на Гадафи, данската принцезата (а подоцна и кралица) Маргарета, претставнички на дипломатскиот кор, и сопруги на многубројни државници кои во седумдесеттите и осумдесеттите доаѓаа во Белград.

Родена е на 22 мај, 1938 во близина на Ниш, а веќе од 1948 живее во Белград. Дипломирала во 1960 на Академијата за применета уметност, отсек текстил, а потоа магистрирала на современ костим во Уметничката школа во Манчестер со стипендија.

Во 1968 година добива статус на слободен уметник и се вработува во Југоекспорт, убедувајќи го раководството дека мора да почне со производство, а некоку години подоцна почнува во работилницата за висока мода.

Во последниве 35 години живееше на релација Србија - Америка, а во близина на Сан Франциско живееше со сопругот, д-р Михајло Мариќ, кој почина во 1992.

Рекоа,

„Беше и остана синоним за квалитетна мода во СФРЈ, а нејзините дизајнерски парчиња се изработуваа во ограничени серии од 100 до 150 парчиња. Има организирано повеќе од 70 модни ревии ширум светот, а нејзиниот бренд Три М и кожните модели имаат добиено бројни домашни и светски признанија. Посебно признание за креаторската работа има добиено во 1975 и 1976 кога Пјер Карден ја покани во Франција и организираше модни ревии со нејзини модели.“

 извор

26 јули 2021 - 11:37