Во овие неколку дена се фатив како го препорачувам „Mirage“ (оригинален наслов: Durante la tormenta) и како се мачам да кажам за што се работи, без нешто да издадам. Насловот не сум сигурна дали е доволно да се преведе како „Фатаморгана“, можеби повеќе со синонимите „Илузија“ или „Привидение“.
Ај, да го видиме трејлерот, па да видиме што може да се каже:
Во ред, без спојлер, има електрична бура во ’89-та и има иста таква 25 години подоцна - првата ја доживува Нико, тинејџер што се снима како свири на гитара; втората, во иста просторија со старата камера на Нико и во 2014 ја доживува Вера, жената што живее во неговата куќа. Бурата успева да ги спои.
Ако нешто сте научиле од „Враќање во иднината“, знаете дека со менување на детали од минатото нема играчка.
Само што, филмов воопшто не е така ведар - заради обид да исправи една грешка, Вера се буди во поинаква реалност, што и не би било толку трагично да не го памти секој детаљ од претходната.
Знаете како филмови од шпанско говорно подрачје знаат да те рашетаат во сите правци, па да не знаеш што те снашло? Е па, Шпанците знаат со трилер како Јапонците што знаат со хорор, па и ова не е ништо помалку јако.
Го имате на Нетфликс.
~ Јана