Бил ѕвезда на парискиот Théâtre des Funambules и е човекот кој го претвори ликот на Пиеро во една од најпрепознатливите фигури на европската пантомима.
Во април 1836 година, Дебиро се шетал низ Париз со сопругата и децата. Го препознал млад човек по име Никола-Флоран Вјелен, кој започнал да го исмева, обраќајќи му се како на Пиеро. Според сведоштвата и подоцнежните описи, навредите продолжиле, а ситуацијата ескалирала кога несреќниот идиот почнал да ја навредува и сопругата на актерот. Дебиро носел тежок бастун и на крај не се воздржал и го треснал Вјелен. Ударот бил фатален: младиот човек починал од повредата, а Дебиро бил уапсен и изведен пред суд. Во дел од изворите случајот се опишува како обвинение за убиство, но поновите историски истражувања го определуваат како процес за убиство без предумисла, односно - ненамерно предизвикана смрт. Поротата го ослободила, но самиот процес станал спектакл. Дебиро бил познат по тоа што на сцената речиси никогаш не зборувал, па затоа и публиката била фасцинирана од можноста конечно да го слушне гласот на човекот чија кариера била изградена врз тишина. Подоцна оваа љубопитност дури е наречена и „Дебиро-ефект“.
Приказната се вклопила во подоцнежната мрачна традиција на „убиствениот Пиеро“, фигура што почнала да се појавува во европската култура кон крајот на XIX век. Самата животна приказна на Дебиро подоцна инспирирала книжевни и филмски дела, најпознато „Децата на рајот“ (Les Enfants du paradis) на Марсел Карне од 1945 година, во кое Жан-Луј Баро го игра фикционализираниот лик Батист, инспириран од Дебиро.
И, најново:
