Њујорк Пост објави дека има мажи што даваат по 5000 долари за да ги добијат тие „бадемасти“ брадавици што ги има Бекам и мораме да признаеме дека досега стварно не сме забележале каква форма имаат. Мораше да стане тренд, каде што поголем број на мажи отишле во ординација и ги побарале, за да кажеме „подај ми ги наочарите“.
„Луѓето ги бараат брадавиците на Бекам,“ изјавува Др. Марк Еверет, пластичен хирург од Менхетн, а Др. Ели Левин кој има ординација во комшии вели дека е дефинитивно тренд што расте - од едвај неколку пациенти годишно, до пациент на секои две недели.
Процедурата не е евтина, ама е лесна, па пациентите можат уште истиот ден да си се вратат на работа.
Ако сте запнале, и ве интересира што ве чека, тогаш - се става локална анестезија на градите, се сечат страниците на брадавицата и се отстранува кожа и вишок ткиво од градите.
Според докторите, мажите се сè посвесни за нивниот изглед и знаат дека некои работи нема да изгледаат беспрекорно кога носат тесна облека.“
Инаку, 80% се локалци, а останатите доаѓаат од далеку за да „личат“ на Бекам.
Треба да ти текне.