Маж е за во кујна

Илај Резкала е 30-годишниот уметник и фотограф кој неодамна објави серија фотографии со наслов „Во паралелен универзум”. Сите оние сексистички реклами од ’50-ти на кои сега им се смешкаме од оваа безбедна дистанца на еднаквост меѓу половите, Резкала ги замислува со сменети улоги.

Од каде идејата?

Резкала објаснува:

„Лани за Денот на благодарноста ги слушнав моите вујковци како зборуваат дека жените повеќе ги бива за готвење, кујна и исполнување на нивните „женски должности”. Иако знам дека не се сите мажи такви, се изненадив што некои сè уште размислуваат така.

Овие реклами се направени во ’50-ти и мислам дека нивната суштина е сè уште присутна во слоевите на денешното модерно општество. Затоа, замислив паралелен свет, каде што улогите се наопаку и мажите ќе видат како е да се во инфериорната позиција.”

Заклучокот:

„Се надевам дека преку овој проект, луѓето кои се заглавени во стереотипни родови улоги наметнати од патријархалното општество ќе можат визуелно да ги доживеат ограничувањата што тие улоги ги носат.”

виа 

18 јануари 2018 - 15:52