Марта Стјуарт, пластични операции и насловната на Спортс Илустрејтед

Една од четирите модели на Спортс Илустрејтед за оваа година, 81-годишната Марта Стјуарт им одговори на скептиците за нејзината историја со пластичните операции.

Кога ја прашаа од Варајети дали има одговор на онлајн коментарите каде што се тврдеше дека „нешто има праено“, рече вака:

„Па, не е вистина. Никаква пластична операција немам. Имам многу здрава, добра коса. Пијам зелени сокови секој ден. Земам витамини. Јадам многу здраво. Имам многу добри доктори за кожа. Многу внимавам со сонце. Носам капи и секој ден ставам СПФ.“

Признава дека повремено става козметички филери.

„Има некои филери што ги ставам за понекоја брчка, но мразам ботокс. Тоа ми е чудно. Навистина не додавам многу.“

Инаку Марта е најстарата жена на насловна на СИ и се појави во костим за капење на насловната, заедно со Меган Фокс, Ким Петрас и Брукс Нејдер.

Пред сликањето вели дека не се изгладнувала, но престанала да јаде леб и тестенини два месеци, одела на пилатес секој втор ден и општо живее здраво.

Публиката најде мана во изјавите со здраво живеење и здраво хранење, затоа што нели, денес луѓето имаат аверзија од овие термини. Ги потсетувало на „некои штетни концепти во културата на исхрана“.

Никој не рече „еј, ај и ние здраво да се храниме и да се пазиме од сонце“, ама имаше такви што рекоа „што не ставите некоја друга, нормална жена на корица.“

Оваа ли?

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Oralucifer (@oraluciver)

18 мај 2023 - 12:11