Кратки Тиндер хорор приказни

Пазете што правите и каде одите. Не дека некој ќе ви стави дрога во пијачката. Ама може ќе му се видите како фин писоар.

1.

„Другар ми не е многу паметен. Собрал девојка и отишле во мотел. Стигнале до собата и му рекла, ‘Еј, ја заборавив ташната во кола, ако да одам да ја земам?’ Тој вика добро и ѝ ги дава клучевите. Се разбира дека после неколку минути оди на паркинг и колата ја нема.”

2.

„Бев на Тиндер дејт со еден ‘славен’ готвач и ме однесе во бар, каде што почна веднаш да објаснува колку е популарен. Пиевме и гледавме натпревар, па ми викаше ‘Слатка си’ и ‘Има да направам да крвариш’. После покани и другари да дојдат. Излегов надвор и дојде да ме бакнува. Пијана бев, па вратив. Почна да раскажува како бил обвинет за напад на поранешната девојка, ама не бил крив. Кога дојде време да се плати сметката, ‘го изгуби новчаникот’. ‘Ќе ти вратам’. Се разбира, никогаш не ми врати. Потоа се потпре на мене. Мислев дека пак сака да ме бакне, но погледнав надолу и видов како моча по мене. На улица. Мочаше. По. Мене.

Не можев да возам и отидов во хотел и изнајмив соба да се истуширам.

Никогаш повторно.”

3.

„Малку историја: Пред неколку години излегував со една девојка и татко ѝ не можеше да ме поднесе. Чудно, затоа што обично родители ме сакаат, но овој беше гаден и никогаш не му попуштав. Со таа девојка раскинавме, нејзините во меѓувреме се разведоа, и така натаму…

Една година подоцна: Јас и една девојка од Тиндер излегувавме неколку месеци и веќе стануваше сериозно. Дојде момент да сака да ме запознае со семејството - мајка, очув, помала сестра. Зошто да не? Се согласив. Ми кажа дека очувот бил многу радосен што ќе ме запознае затоа што и двајцата сме навивале за ист тим.

И нормално, беше таткото на поранешната девојка…”

4.

„Еден мој другар се здружи со една девојка и после неколку дена, го покани на домашна забава. Си рекол, ‘добро, што може да се случи лошо’, се појавува и се запознава со неколку нејзини пријатели, сите машки. Како поминува вечерта, доаѓаат сè повеќе машки, а има само неколку девојки на забавата. Почнуваат да разговараат од каде ја знаат и сфаќаат дека сите ги поканила на Тиндер. Сите биле таму, не заради дејт, туку да направат гужва на роденденот на девојкава.”

5.

„Единствениот Тиндер дејт на кој што сум бил беше со една жена што рече дека планира да забремени во наредните неколку месеци. Веднаш ме снема.”

6.

„Еден тип, презгоден на сликите, ми прати порака и праша дали сакам да пиеме каде. Ајде добро. Ама сум морала да го соберам. Добро, решивме да одиме да јадеме, наместо на кафе, и супер беше и многу сладок, па се подруживме уште малку после вечерата. На крај, го вади телефонот и ми кажува дека има син и дека мајката го однела некаде во Вашингтон и не го видел со месеци. И ми вика да отворам еден фолдер во телефонот - 300 фотографии од син му што морав да ги гледам, и ми раскажуваше што се случувало на секоја од нив и што финтата со секој клип од детето. Ми беше жал, но многу ми беше мило кога си отиде.”

7.

„Бев на дејт со еден тип и цело време зборуваше како мажите се посупериорни од жените и како има научни студии што покажуваат дека ‘жените имаат емотивна реакција на црвена боја.’ Што така сингл?”

8.

„Додека се движев кон најлошиот состанок на планетава, типот ми пиша од ресторанот каде што се чекавме дека веќе ми нарачал салата. Специјалитет на ресторанот беше бурито. Значи, да повторам - САЛАТА. Како да не можам да си нарачам сама. Како и да е, откако стигнав, помина половина час раскажувајќи ми за неговата поранешна девојка - манекенка и колку им бил страствен ‘сексот за раскинување’… претходниот викенд.”

Имате вие језиви тиндер-приказни?

22 ноември 2019 - 14:29