Корејските производи се иновативни, а рутината за разубавување им води само кон едно - најздрава и најсјајна кожа што може да се има. Сега се вртат кон минималистичка пракса што повеќе одговара на исполнето секојдневие.
Терминот е скипкер (skip-care).
„Луѓето се многу зафатени, а технологијата за нега на кожа константно еволуира,” вели основачката на Peach & Lily Алиша Јун. „K-beauty (така викаме за сè што е корејски пристап кон нега и шминка), секогаш има тенденција да бара најнови иновации, а дел од тоа е и ефикасноста.”
Негата со прескокнување производи и чекори е консолидирана рутина за нега на кожа која се состои од мулти-таскинг производи, како реакција на идејата за комплицирана рутина составена од многу чекори. „Луѓето погрешно сфатиле дека корејскиот пристап мора да има 10 до 15 чекори,” вели Кристин Чанг, основачка на Glow Recipe. „Наместо да се бројат чекорите, паметно е да се сфати состојбата на кожата и да се осмисли рутината според тоа каква ти е кожата тој ден, што е тесно врзано со самата филозофија за нега на кожа.”
Нејзината партнерка и ко-основач на брендот се согласува:
„Треба да се фокусираме на она што вистински и треба на кожата, и да се ослободиме од вишокот. Не се работи за жртвување на добри состојки или потребни чекори. Наместо тоа, максимално треба да се користат производи и методи на апликација за одлични резултати.”
Идејата е да бараме хибридни производи што можат да го преполоват бројот на чекори во една рутина, без да се жртвува ефикасноста. За чистач, предлага да се побара производ што истовремено има и смирувачки и хидрирачки состојки. Наместо да шлапаме еден куп тонери и серуми, паметно е да се побара еден хранлив тонер што може да се стави во неколку слоеви. За последен чекор, предлага маска што се остава преку ноќ, за да се разбудиме со посреќна и поздрава кожа.
Ова не значи дека нивната рутина со 10 чекори се истребува. Сите три жени спомнати овде се согласуваат дека и двата начини те носат до саканиот резултат, но се бира според тоа што нам ни одговара на кожата и животниот стил.