Универзално е познато дека мајките работат секојдневно, 24 часа, барем тие што немаат помош со полно работно време. И како и секоја работа (да, не е доволно само чувството да се биде мајка), и оваа си носи емотивен и финансиски стрес. И како секоја работа што носи емотивен и финансиски стрес - и од оваа треба одмор.
Поточно, баш од оваа МОРА одмор.
Кованицата е од социјалните мрежи, а претставува краток одмор, на кој мајки одат заедно, или сами, а секако - без семејството. И покрај тоа што е забавно, психолозите велат и дека може да долгорочно да се подобри врската што се има со семејството.
Истовремено ваков тип на одмор ја подобрува целокупната благосостојба на особата мајка.
А бидејќи среќна мајка значи среќно семејство (во една тотално неромантична смисла, наспроти мајка што е нервозна и значи терор по дома), ваквите патувања се добри и за остатокот од семејството. Еден професор по психологија, Др. Нава Силтон вели, „Многу е важно децата да го видат тој баланс кој е идеално да се постигне во една семејна ситуација.”
Мајчинството не опфаќа само растење деца, имаш тука и држење ред во куќата, присуство на школски активности, правење оброци, планирање недела итн. А мајките често се чувствуваат (бидејќи често е така) дека се единствените што можат да ги држат децата во ред и да оддржуваат куќа.
Дури два-три дена вршат работа. Дури и едно кафе со другар или другарка може да го подобри целокупното ментално, физичко и емотивно здравје на мајката.
Пробајте, не може да боли. Ќе преживеат тие 2-3 дена ако (пак!) добро им ги испланирате.