Сејди (17) и Сани (14) Сендлер се супер во новата тинејџерска комедија You Are So Not Invited to My Bat Mitzvah. Доказ е првото место каде што филмот се најде во рок од 24 часа и влезе на листата на најгледани филмови на Нетфликс.
Приказната е супер за гледање со цела фамилија - базирана е на романот со ист наслов од 2005 на Фиона Розенблум и ја следи 12-годишната Стејси Фридмен која се подготвува за нејзината Бат Мицва и сака сѐ да биде совршено. Може не е најјака во друштво, но барем има најдобра другарка - додека не ја фати како се бакнува со симпатијата.
Ова се сè сериозни проблеми, само вие не разбирате. Ама пуштете на основците што ги имате дома и ќе ви стане јасно. Шала на страна, се работи за многу млади луѓе што прв пат се соочуваат со предавство, драми и вистински вредности и поради тоа и сè повеќе луѓе се одважуваат да го пофалат.
Адам Сендлер е таткото (во кој најверојатно сите ќе се пронајдеме, и машки и женски), а освен ќерките, глуми и неговата жена од приватниот живот, Џеки Сендлер.
Освен што е на врв на Нетфликс, има одлични критики и во моментов 95% на Ротен Томејтос.