Колку брзо би изгинале ако се најдеме во друга ера од историјата?

Константинопол - четири дена. Фиренца, 14 век - три дена. Лондон 1666 - исто.

Често има луѓе што фантазираат со „Ех, да се родев во викторијанско време“ или „Ех, Фиренца за време на ренесансата“ и сè така со „Ех“, а тоа „Ех“ може и последно да им биде ако во моментот се најдат таму каде што би сакале да бидат.

На пример - да речеме дека магично се наоѓате во Константинопол, во 6 век. Најбогатиот град на светот и главен град на Источното римско царство, што наскоро ќе биде познато како Византија. Моќниот император Јустинијан носи ред и стабилност во империјата и гради прекрасни работи како Аја Софија.

Како ќе умрете? Па, една од најлошите чуми во светот, позната како Јустинијанска чума ќе ве собере околу 542 година, заедно со 50-те милиони луѓе и 40-те проценти од популацијата на Константинопол. Истата бактерија е што ја предизвикала и црната чума неколку века подоцна, што значи би имале околу 4 дена живот, ако се заразите.

Да одиме малку подоцна, во Фиренца, 14 век. Прекрасна е, штотуку почнува ренесансата, во град се разминувате со Петрарка, а можете да набљудувате и како расте моќта на семејството Медичи. И нема многу долго да набљудувате затоа што - црна чума. Толку многу масовни гробници имало и толку плитки гробови, што кучињата разнесувале лешеви по град (во прекрасната, ренесансна Фиренца).

Три дена. За толку се умирало. А ако куртулите, во 1315 доаѓа Големиот глад, тој ќе ве среди.

Одиме во филмски Лондон, 1660-те. Младиот Исак Њутн напорно работи на Кембриџ, а освен Англо-холандската војна, владее пријатен мир.

И мириса на чад.

Големата чума (…old buddy, old pal…) во 1665 значела дека ако вашето семејство е заразено, имате четири дена. 15% од населението во Лондон умрело за едно лето, но ако не сте во тие, тогаш ве чека Големиот лондонски пожар во 1666 каде што 80% од градот гори за неколку дена.

Дури и од ова да се спасите, зад аголот ве чекаат - туберкулоза и кашлица.

Да го преминеме океанот и да одиме во Северна Америка, 17 век. Недопрена природа, чисти реки и иде џиновски брод. Кога домородните Американци биле изложени на европските бактерии прв пат - сипаници, грип и слично - умреле меѓу 90-95%. И вие заедно со нив, за 12 дена.

Ви се оди во Франција, за време на Убавата епоха? Секако дека ви се оди, само чекајте да видиме како се умира таму. Штотуку доаѓаат телефони, трамваи, индустријата цвета, време е за славење, за пиење, за уметност.

И добредојдовте во 20 век - многумина од вас ќе умрат. Првата светска војна собира 41 милион жртви, од кои 1,4 гинат во Франција, а над 4 милиони се изгубени во војната.

Но, да речеме дека ќе имате среќа да ја преживеете - шпанскиот грип за кратко ќе заврши работа.

И да се вратиме некоја деценија поназад, во Британија, 1850-те. Индустријата е во силен зачеток, нацијата ја трансформираат нови откритија и фабрики, почнува богатство, почнува луксуз. Децата што работат во фабрики еве, да ги игнорираме, ама па заради темава не можеме сосема да ги игнорираме - за работници во фабрика животот не бил баш добар - 40% од несреќите се случувале по фабриките. И ова не е ништо во споредба со главниот убиец на Викторијанската ера: туберкулоза. Еден од четири смртни случаи во Европа и Америка се должел на туберкулоза, која убивала со месеци. Дури и на модата влијаела и се отфрлиле големите фустани за кои се сметало дека ги носат микробите.

Значи, нема потреба од воздишки по други времиња - антибиотици и канализација се многу фина работа.

27 јуни 2024 - 11:31