На ТикТок неодамна кружеше видео со провокативно прашање: „Која е биолошката разлика помеѓу мажите и жените што ги прави мажите подобри лидери на компании?“ Одговорот, изненадувачки за многумина, оди во неочекуван правец: жените, според низа истражувања, се биолошки и социјално подобро подготвени за справување со стрес.
Најчесто слушаме дека „мажите не пукаат под притисок“. Но невронауката покажува дека жените имаат подебели дендрити во одредени делови од ’рбетниот систем и мозокот, што им овозможува поефикасно регулирање на емоциите. Еволуцијата го дала овој механизам како дел од подготовката за раѓање - процес што бара неверојатна психофизичка издржливост. Тоа не значи дека секоја жена мора да стане мајка, туку дека биологијата обезбедила алатки за поднесување стрес кои се применливи и во други ситуации.
Статистиката го потврдува ова. Околу 75% од самоубиствата ги прават мажи. Кај нив е поголема и веројатноста за злоупотреба на дрога и алкохол како начин на справување со емоции. Од друга страна, жените почесто бараат психолошка помош, почесто одат на терапија и развиваат повисока емоционална интелигенција. Тоа е важен фактор кога станува збор за лидерство, каде управувањето со стрес и луѓе е клучно.
Исто така, 92% од насилните кривични дела ги извршуваат мажи, што укажува на поголема склоност кон импулсивни, стресни реакции. Жените, пак, се издвојуваат во професии со екстремно висок притисок, како хирургија или академски истражувања во STEM областа, каде успехот зависи токму од способноста да се остане прибран и фокусиран.
Затоа тврдењето дека мажите се поспремни за водење компании не е поткрепено со факти. Биолошките и социјалните показатели покажуваат дека жените имаат развиени стратегии за справување со стрес, а современото општество сè повеќе ја потврдува нивната компетентност на највисоки позиции. Ако нешто ја кочи нивната застапеност, тоа не е природата, туку културните предрасуди и бариери што сè уште ја диктираат поделбата на моќта.
Затоа, следниот пат кога некој ќе проба да ви ја шитне таа теорија, ќе проба да ве сопне и со феминизмот во кој најверојатно „не верува“. Ама, како да не веруваш на невронаука?
@deanwithrsclips ahhh what a lovely rant #deanwithers #trending #politics #fyp #viral ♬ original sound - deanwithrsclips