Кога свекрвата станува пренапорна

Да, забавни се празни муабети околу напорните свекрви, и ич да не почнуваме колку стар проблем е тоа и колку (и добри и лоши) шеги постојат. Ама, ај да чуеме и што ќе каже психолог на темата.

PureWow бара мислење од Др. Санам Хафиз од Њујорк Сити, инаку клинички психолог и основач и директор на консултантски центар за психолошки услуги.

Прво, како да препознаеш дека партнерот има напорна мајка (ако е таква, веќе имаш препознаено, ама добро), ама еве на пример:

  • често доаѓа ненајавена или се кани да поседи кај вас на подолг период
  • ве критикува и ви суди
  • пробува да контролира или да диктира големи одлуки во животот на нејзиното дете (нели, вашиот партнер) околу воспитување на деца, место на живеење, работа и сл.
  • претерано се меша во животот на партнерот и инсистира да биде вклучена во секој настан и одлука
  • игнорира или не почитува граници
  • се однесува манипулативно и пробува да создаде конфликт
  • се однесува посесивно или љубоморно на вашиот брак или врска

Сега откако го поминавме фолклорот - зошто е значајно доколку партнерот има напорна мајка? Затоа што ви создава стрес и не ви дава раат ако отиде во крајност и понекогаш се случува и да се растури врската затоа што не се почитуваат границите.

Се решава со комуникација: не сите напорни свекрви се свесни дека прават проблем и дека нешто не е во ред со нивното однесување. Понекогаш вреди да се поразговара и тоа јасно и директно. Др. Хафиз советува да се разговара со ладна глава и да се избегнуваат лични напади по секоја цена.

Понатаму, вреди да се седне со партнерот и да се одлучи дека некои граници не смеат да се поминуваат. Тоа може да се теми што се оф-лимитс, или времето што се поминува со мајката.

Ако многу се влоши ситуацијата, тогаш паметно е да се повлечете чекор наназад, макар тоа да значи и избегнување повици и посети додека не се смират работите. Истовремено е важно да се инволвира партнерот во секоја ситуација, за да биде информиран за сè што се случува околу „проблемот“. И на крај, побарајте подршка - особено ако партнерот не сфаќа „што има лошо“. Во вакви ситуации неретко доаѓа и до барање на професионална помош, плус, пример се за тоа како доаѓа до конфликт поради напорен родител на едниот партнер. Др. Хафиз вели дека е добро да се побара помош од терапевт или пријател од доверба кој може да обезбеди перспектива и да понуди стратегии за справување.

Инаку, сето ова важи и за други напорни членови на семејството.

16 јуни 2023 - 00:00