Една мајка на две деца од Базфид решава да се зафати со еден ризичен проект: цела недела на децата да им вика „ДА”, што и да им текне. Си поставува неколку правила за да не завршат со запалена куќа и почнува. Резултат: Чудни комбинации со храна за вечера, шетање на многу жешко време и прилично добар провод.
Се разбира, ако детето ви е 15-годишно и во еден момент рече „Со другари сум на Млечен, може колата?” паметно би ви било да направите отстапка од „Да”-правилото.