Кога ќе ти побараат „да се смените“ во авион

Нискобуџетните компании нудат евтини карти, а ако баш си запнал да седиш до тие што патуваат до тебе - можеш - ама ќе те кошта. Сето ова е достапно како информација за време на резервацијата.

Ако не доплатиш за седиште, голема е веројатноста дека компанијата „ќе те казни“, за следниот пат сепак да одлучиш да платиш. Ако ти е толку важно до „твоите“ да седиш. А реалноста е дека тоа е еден автобус со крила, каде што и онака не можеш да се утепаш од муабетење, па не е ни така важно дали ќе седиш до жена ти, маж ти, братучетка ти, другар ти од средно... И онака на дестинацијата секако сте заедно цело време.

Но!

Има луѓе што ова одлучуваат да го игнорираат, да не доплатат за седиште, и после на цела гужва и застој во авион, да се расправаат со тебе „дали може да станеш, да седнеш на неговото место, ништо не те кошта, исто ти се фаќа“, а ако прашаш „зошто“ никогаш не е „да не ми седи детето само“ или „сопатникот ми е со здравствени проблеми“, скраја да е, туку е:

„Па, ние сме маж и жена. Да седам до жена ми.“

Зошто не си плати за да седиш со жена ти, и баш сега кога јас одлучив да платам за повеќе простор, тебе ти се чини дека е во ред да ги вадам слушалките за банални причини?

И, ова да не ти било проблем само кај нас.

На ТикТок има клип кој веќе станува вирален затоа што луѓето ги фаќа нервоза од втора рака - една девојка си платила за бизнис-класа на прекуокеански лет, затоа што ѝ се може и затоа што сакала, но ја замолиле да се премести на поглупо место затоа што некои луѓе сакале да седат со детето (тинејџер).

И рекла не.

Сè било културно прашано, одбиено и завршено.

На ТикТок видото оди со аудио girl, fuck them kids and fuck you too.

@lifewithdrsabra

That’s a no from me dawg 🤣 would you have given up your seat? Also they ended up finding a solution so no, i am not a terrible human being. Also the child was like 13.

♬ original sound - Sunshynelove21

Или, како што еднаш кажа Стјуи од Фемили Гај:

„Госпоѓо, вашето лошо планирање за мене воопшто не значи итен случај. Ќе се видите во Париз. Седнете.“

Затоа, еве еден нежен потсетник за следното летање: Ако сте живи и здрави, ако можете да си дозволите и ако тие што летаат со вас се живи и здрави - немојте тоа глупото - „нека иде вака, па ќе му речам на некој да стане“.

Донекаде е оправдано ако патуваат родители со мало дете, па ајде добро, ќе се најде некој да стане за да бидат и двајцата околу детето.

Ама баш дека треба да им е гајле на луѓето што тие два-дваипол саати со брачниот партнер ќе ве дели еден ред седишта - не.

Планирајте однапред.

31 јули 2023 - 14:13