Дејвис им раскажала на Њујоркер дека Николсон ѝ се пуштил после вечера со кастинг директори и искористила совет од колегата од „Тутси“ за учтиво да го одбие.
Вака ѝ рекол Дастин Хофман:
„Ќе му кажеш, па, многу си привлечен. Многу би сакала, но тоа ќе ја уништи сексуалната тензија меѓу нас.“
После „Тутси“, агентот за манекенство ја однел неа и уште некои актерки/манекенки во Холивуд да запознаваат кастинг-директори. Случајно го знаел Џек Николсон и секој можен пат, тој доаѓал на вечера со нив.
„И една вечер,“ вели Дејвис, „најдов ливче пикнато под врата со напишано, те молам јави се на Џек Николсон на овој број. И си реков, не ми се верува!“
Се јавила и се претставила како Џина Дејвис - манекенката, и Џек ни пет, ни шест:
„Еј, Џина. Кога ќе се случи?“
Откако се јадела дека „не ѝ иде памет“ и требало да ѝ текне дека е за тоа повикот, ѝ текнало на тактиката на Хофман.
„Веднаш ми текна што треба да кажам. Џек, многу би сакала. Многу си привлечен,“ раскажува таа. „Но, имам чувство дека ќе работиме заедно во блиска иднина и ич не би сакала да се наруши сексуалната тензија меѓу нас.“
Николсон рекол, „Кај ти текна.“
И успеало.
Тутси форевер.