Книжевна категорија: Гостите на Епстин

Книжарница во Осло решила да изложи неколку наслови што ги врзува непријатна нишка.

Знаете како некои книжарници знаат да изложат промотивно „Книги со црвени корици“, или „Книги што ги препорачува БукТок“, или „Ако си фан на Оркански височини...“?

Е па, една книжарница во Норвешка сфатила дека често се случува големи имиња што се нашле на списокот на гости на Џефри Епстин, да сакаат и написмено да се изразат, или барем некој да се изрази во нивно име:

Го има Ноам Чомски кој се појавува во мејловите, Бил Клинтон кој го има на многу фотографии од озлогласениот остров на Епстин и по приватните авиони, Бил Гејтс кој од Епстин наводно барал совети како да и подметне на жена му терапија против полово пренослива болест што ја закачил на негова журка, Елон Маск што според фајловите прашуваше „кога е јакото“ и лично нивна - норвешката принцеза Мете Марит која му праќаше срдечни мејлови и чиј син е обвинет за 38 злодела меѓу кои и силување.

Многу досетлива полица.

20 февруари 2026 - 14:07