Ќе ви текне ли на Савина Гершак?

Југославија ја запозна (гола) во „Чудо невидено“, нижеше успеси и 34 години не се појавила на филм.

Беше една од најубавите глумици во Југославија, но пред повеќе од три децении одлучила дека скроз ќе се повлече и ќе се бави со нешто тотално неповрзано.

„Последниот филм го снимив во 1990. година, а имам снимено вкупно 15 - три со Живко (Николиќ), два со Божо Шпрајц во Љубљана. Од таму отидов во Рим, а потоа во Америка да снимам филмови.“

Родена е во Љубљана во 1963 година и како тинејџерка активно играла тенис и била трета по резултати во Југославија. Еден период се преселила во Штутгарт и почнала да настапува на професионални турнири, но сепак, не станала шампион - во 1981 се вратила во Љубљана и запишала студии по англиски јазик.

Повремено се бавела со манекенство и тогаш се случил пресвртот - Живко Николиќ видел нејзина фотографија и рекол: „Тоа е тоа вистинското!“

На 28 ја напушта глумата. Не завршува англиски, туку оди во Рим, дипломира психологија и таму останува да живее и работи. Мајка е на две деца, близнаци што ги има родено на 44 години и професионално се бави со психотерапија.

„Завршив психологија. Сакав да студирам, тоа ми беше голема желба. Отсекогаш ме привлекуваше медицината. Вкупно 11 години школо, затоа што се пет години факултет и шест години усовршување. Сега сум психолог-психотерапевт и со еден колега имаме ординација во Рим,“ кажа Гершак за Дневни аваз.

Еве ја денес:

30 октомври 2024 - 11:33