Ќе сушиме ли коса со НАСА технологија?

Фен. За фен се работи.

Наводно Чи (Chi) во продажба пуштиле фен што се потпира на НАСА наука. Значи вашиот фен дома НИШТО, идеме понатаму.

Затоа што, ако се Чи за верување (во однос на тоа дали претеруваат, пошто веројатно не лажат) НАСА ги позајмува своите податоци од истражувања на фризерскиот дел од светот и резултатот се вика Чи Нано фен.

Сакаме Чи Нано фен, и се поставува прашањето дали Чи Нано фенот ќе нанесе мотивација во пределот на мрзата да се досушиш пред излегување?

Вака работи:

Има стандардна керамичка технологија на која сме навикнати, која водените молекули ги смалува и ги прави полесни за испарување (па според тоа - суши), но доаѓа и со некакво „нано сребро”, кое, според Чи, „се однесува како пасивна стерилизирачка компонента, која предизвикува самочистење: контаминанти кои се пренесуваат преку воздух како габи и бактерии (океј, уште во фенот фалеше да бараме бактерии) брзо умираат откако ќе дојдат до површината.” Во комбинација со синото лед светло наводно нуди „почист воздух” за време на процесот на сушењето. Ќе сушиме и ќе пукаме од здравје.

Така што, ако решите да го фрлате вашиот габичен фен, Чи Нано ќе ве кошта 160 долари.

Ај, да искористиме дури има сонце…

20 септември 2018 - 13:59