Ќе има документарец за Ана Никол Смит

Ана Никол Смит е толку „најнтис“ и толку познат дел од поп-културата, а истовремено толку влечена по кал од медиумите што природно, после Мерилин и Памела, Нетфликс ќе пушта документарец и за неа.

 

Насловот е Anna Nicole Smith: You Don't Know Me, а како што пишува во објавата на Нетфликс, се работи за храбар и хуманизирачки разглед на нејзиниот живот, смрт и тајни.

Вистинското име ѝ е Вики Лин Хоган, прв пат се појавила на Плејбој во 1992, а нејзиниот вртоглав пат нагоре е олицетворение на „американскиот сон“, кој за нејзе трагично заврши во 2007. Филмот ќе понуди пристап до досега невидени снимки, домашни видеа и интервјуа со клучни фигури кои досега не споделиле ништо за една од жените со кои Американците, па и светот беа посебно опседнати.

И како што бива, и како што покажува искуството со животните приказни на Нетфликс, најверојатно стварно ќе видиме дека никој, најмалку луѓето што ја гледале на телевизија и што само читале за неа - не ја познавал.

Доаѓа на 16 мај.

10 мај 2023 - 09:27