И толку е лесно денес да го изманипулираш медиумското внимание, што на првото прашање од голема телевизиска куќа „зошто си во кеса?!“, одма можеш да кажеш дека носењето (фантастичен) фустан од кеси за ѓубре е протест против конзумеризмот и неодржливоста на денешните модни трендови и дека со овој (одличен) фустан, (скроен мајсторски) од факинг кеса за ѓубре, сакаш да кажеш дека претераното трошење е штетно и дека сакаш да фрлиш светло на потребата сите да застанеме и убаво да размислиме каква планета и какво општество им оставаме на децата.
Ете, сега можете да излезете во кеса, повелете и друг пат.