Кечапот како кармин

Новата колекција на Ријана е инспирирана од кондимент.

Фановите на Ријана беа малце збунети кога се појавија фотографии колекција - имаше разочарани, ама имаше и аплаузи за маркетингот (нашминкани модели со кечап размачкан преку устата).

Во соработка со уметничкиот колектив MSCHF, Фенти пушта ограничена едиција палети кои содржат или шест пакетчиња кечап, или светло-црвен кармин. Се купува само преку ketchupormakeup.com, и дали ќе добиеш пакетчиња за кечап или обично пакување сјај за усни комплетно зависи од тоа колку среќа ќе имаш.

Ова е благо нејасно објаснето во Ролинг Стоун, па отидовме на сајтот.

Изгледа се добива пакет од кечапчиња што се сјај.

Ако не ви се глупира, нијансата ја има и за возрасни, практични луѓе. Името е Heat, сјајот е многу фалениот Фенти Глос Бомб што не се лепи и содржи витамин Е за нега на усните.

31 август 2022 - 16:44