Кара Делевин, гола

Не, не е баш кликбејт. Кара Делевин, покрај тоа што е боса на интервју кај Руперт Еверет, се разголува без да го соблече сакото. Зборува за тоа како е да се биде во депресија. И како човек да се избори со тоа.

После Робин Вилијамс, после БордејнЧестер Бенингтон и после еден куп луѓе што као, требаше да бидат среќни и задоволни, а не биле и светот мораше да го види тоа, и да се освести колку е депресијата страшна и колку некои ликови вешто ја кријат, се пишуваше и дискутираше на долго и на широко. Ред стручни анализи, ред мислења, ред народ на социјални мрежи со коментари „Ама толку беше смешен!” или „На тие пари ли?”, додека многумина секојдневно се трудат да се справат со тоа, често со самоубиствени нагони, често со чувство на безвредност, и покрај тоа што се опкружени со добро, што само придонесува до чувството на збунетост.

На врвна кариера како еден од ретките супермодели на денешницата, и Кара Делевин се бави со тоа. На интервју со Руперт Еверет, објаснува колку тоа може да биде језиво, дури и кога не му е местото кај човек со среќа во животот, со убаво семејство и внимание од сите страни.

Една поинаква голотија:

Целото интервју:

14 јуни 2018 - 13:43