Помалку од шест месеци по вработувањето како адвокат, Џазмен Џафар дава отказ и почнува да работи само ОнлиФанс.
Како адвокат заработувала 75.000 долари годишно, но преку ОнлиФанс тоа ѝ е само февруарска плата - првите три месеци од годинава заработила над 180.000 долари.
За да си ја заштити приватноста, го зема името Џазмен Џафар (како ликовите од „Аладин“). Има над 1200 постови и 2200 видеа на нејзиниот профил, а нуди и лајв-стримови за 7 долари месечно.
Џафар вели дека цел живот ја следела патеката што нејзините родители кои потекнуваат од Блискиот исток ѝ ја испланирале: да положи адвокатски испит, да оди на интервјуа, кои пак се надевала дека ќе бидат неуспешни бидејќи не сакала да работи како адвокат. Сепак, терала за да го задоволи семејството.
„Пред ова, кога мојата иднина ми беше толку испланирана и ме чекаше долга, стабилна правна кариера, мразев да мислам на иднината,“ изјавува таа за Инсајдер.
Објавува разголени фотографии и видеа од себе на платформата, а почнала на почетокот на 2021. Потоа паралелно работела и во адвокатската фирма и во креирање содржини на ОнлиФанс, за на крај, во март 2022 да се откаже комплетно од дневната работа.
„Работев во фирмата преку ден, а навечер снимав содржина,“ вели таа. „Снимав и цели викенди и во понеделник кога ќе отидев на работа и ќе ме прашаа што сум правела, им кажував дека сум се релаксирала по дома, а всушност се снимав како шмукам дилдо, или такво нешто.“
Во фирмата работела по 10 часа дневно, но сега без разлика што ѝ одзема повеќе време, ужива. Нејзиното семејство било шокирано, но таа вели дека и покрај тоа што не одобруваат, сепак ја сакаат.
„Светот навистина се менува и традиционалните патеки не се како што беа,“ вели Џафар. „Порано да работиш како адвокат, инженер и доктор значеше пари и стабилност, но сега, со интернет има бескрајно многу можности за работа.“
Одлуката да даде отказ немала врска со пари, како што кажува, туку ОнлиФанс бил „возило“ за бегање од кариера што не ја сака.
„Луѓето не сфаќаат дека многу адвокати се несреќни и често ми велат дека сум луда што сум напуштила адвокатска работа за да станам сексуална работничка. Но, само луѓе што ја гламуризираат адвокатската кариера не ја разбираат мојата одлука.“
Сега сака да биде активист за права на сексуалните работници и да се прошири во други форми на креирање содржини. Има почнато и Јутјуб канал, каде што своите знаења од областа на правото ги користи да советува други креатори на ОнлиФанс.
„Целта ми е да срушам дел од стигмата и стереотипите околу сексуалната работа и да им покажам на луѓето дека не е тоа само последен начин да се издржуваш. Мене ми е прв, затоа што имав добро платена работа што можев да ја работам до крајот на животот и ова го избрав затоа што сакам да бидам среќна и слободна.“