Неделна доза ентериер:

Како ти изгледа работното место кога работиш за моден блог?

Некои модни блогови се работат од удобноста на сопствениот кревет. Некои се работат од специјален простор одвоен, божем за работа, повторно недалеку од креветот. А некои стануваат толку големи, што си бараат канцеларии. 

А кога сите што си ги вработил се врвни естети, креативци и модни ентузијасти, богами, предизвик е да им го уредиш просторот.

Филозофијата:

Тимот ни стана преголем за старите канцеларии, но пристапот кон новите канцеларии не беше толку за креирање на традиционален простор за работа, туку за градење на вистински заеднички простор за големата работна заедница.

Истовремено се градеше за да му помогне на тимот да работи попаметно, со простор посветен за фото-сесии, плакар за сите модни парчиња и три „тивки сепариња” за телефонирање на раат, или за пишување во мир и тишина.

Можеби највозбудливиот елемент во нашиот проширен простор е што дозволува да организираме сè, од мал интимен коктел до голем вечерен настан и да го отвориме за секој што сака да се дружи.

Јакото кај овие канцеларии е што се толку шармантни, што амбиентот е токму каков што треба да биде - не е премногу размуабетено, а не е ни преформално. Особено одмара што не е преоптеретено да биде модерно (читај: хипстерско).

Се пушта музика, а на сите им се даваат слушалки, за кога не им се слуша заедничката плеј-листа. А една од најважните работи им било - новата канцеларија да остава впечаток баш на физичка манифестација на сајтот.

И кај нас е физичка манифестација на сајтот, ама кај нас друг пат ќе ве пуштиме.

9 мај 2019 - 23:53