Како Шанел ги смачка фалсификатите

Големите брендови се ежат од лажњаци и не им се попушта така лесно веќе, особено откако се намножија кинески онлајн продавачи со скоро совршени копии. Деновиве Шанел доби на суд против 24 продавачи на Амазон, обвинети за продавање на копии од нивните производи комплет сосе лого.

Случајот дојде до суд во Април и се реши во петокот, кога им наложија на продавачите да им платат по 100.000 долари на Шанел за секој продаден производ (од Шанел прво барале по 2 милиони по производ) – и во тотал треба да исплатат 3 милиони долари.

А пазете ги овие бројки (плус горчливата победа):

Минатата година, Александар Ванг доби 90 милиони долари оштета, откако тужеше 45 души кои оперирале со 459 сајтови за продажба на лажни производи со неговото име. Сепак, брендот призна дека тешко дека ќе ги добие парите со оглед на тоа што не можат да им влезат во трага на домејните што ги продаваат нелегалните парчиња.

Шанел нема да го има овој проблем, затоа што Амазон ќе ги задржи средствата на спорните продавачи и ќе ги префрли кај нив.

3 јули 2017 - 11:23